Манчестер сити предводен од Пеп Гвардиола од клупата е клубот кој доминира во Англија во последните неколку години. Граѓаните ги освоија последните четири титули во Премиер лигата, а според многумина, токму Гвардиола е творецот на овој успешен и трофеен проект.
Сепак, самиот Гвардиола е многу поскромен, па Шпанецот дури вели дека се чувствува како послаб кога се соочува со колеги кои добро ги познава, како што е Микел Артета.
Арсенал во следното коло во Премиер лигата ќе гостува кај Сити во дуел на двата клуба кои во последните две сезони водеа жестока борба за трофејот, а на крајот Сити стануваше првак.
Гвардиола запрашан дали му е потешко кога се соочува со менаџер со којшто има добри односи, Шпанецот призна дека е така.
„Да, затоа што се чувствувам послаб. Понекогаш гледам менаџери по натпревар, мои пријатели, како Микел и Хулен Лопетеги, на пример. Моите пријатели – Енцо Мареска, Роберто де Зерби – менаџерите со кои имам врски, работиме заедно, имаме изградена врска бидејќи животот ни го дава тоа. И сакам да го правам тоа без разлика дали победувам или губам. Со другите, претпочитам кога јас победувам, а другиот кога губи. Кога мојот тим е поразен, не сакам да ми пречат. Не сакам да разговарам со никого. Сакам да разберам што се случи и да бидам наполнет со нова енергија следниот ден“, открива Гвардиола.