Гвардиола се извини за нерегуларниот гол и побара ВАР во Англија

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, после победата на неговиот тим над Свонси од 3-2 во ФА купот, рече дека жали што се развила полемика околу третиот гол во 89 минута, за кој на снимката се виде дека стрелецот Серхио Агеро пред да ја смести топката во гол, е во офсајд позиција.

„Имавме среќа со пеналот, но без среќа не се може кога се борите на четири фронта. Во цела Европа постои ВАР, а тука го нема. Не сакам да победувам на нечесен начин. Голот падна од офсајд. Жал ми е. Се надевам дека во следната сезона ова нема да се случува“ – изјави џентлменски Гвардиола.

Во Англија, ВАР се користи само во Лига купот, додека во ФА купот и Премиерлигата, оставено е на судиите да проценат некоја ситуација и немаат право да гледаат повторена забавена снимка од некој спорен момент.

- Оглас -

Најнови вести