13.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Гвардиола се налути: „Њукасл во 20 часот? Ви благодарам!“

Манчестер сити во среда, на 11 март, ќе му гостува на Реал Мадрид во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, но мечот од ФА купот против Њукасл го налути Пеп Гвардиола.

Овој натпревар ќе се игра во сабота од 20 часот (локално време), па токму тоа беше причината за лутата реакција на Каталонецот на клупата на Граѓаните.

„Њукасл во 20 часот. Многу ви благодарам за овој термин. Сега ќе имаме помалку време за рехабилитација пред патот во Мадрид. Едно е да се вратиме во Манчестер во 19 или во 20 часот, а сосема друго да дојдеме во еден или два по полноќ. Тоа е голема разлика. Знам дека сите екипи во ФА купот играат од 15 часот. Во ред, ние играме во 20 часот. Заморот прави голема разлика, како корнери, слободни удари, аути, тоа се деталите. Имаме помалку време. Откако ќе се вратиме, мораме веднаш да тргнеме на пат за Мадрид“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести