Гвардиола се налути: Сега повеќе од кога било сакам да останам во Манчестер сити

Пеп Гвардиола се налути по, како што вели, „хајката“ во Англија против Манчестер сити со закана да има строги казни, одземање бодови и титули, па дури и преселба во понизок ранг.

Тоа е резултат на непочитување на финансискиот ферплеј на Сити, за што има и истрага и се најавени драстични казни.

Гвардиола мисли поинаку и има интересен план дали ќе остане или ќе си замине од клубот во којшто е од 2016 година и освои четири шампионски круни, ист број титули во Лига купот на Англија, една во ФА купот, две во Суперкупот, или Комјунити шилд, и има едно загубено финале во Лигата на шампионите.

„Сега повеќе од кога било сакам да останам во Манчестер сити. Понекогаш имав сомнежи бидејќи 7-8 години во ист клуб е долг период, но сега знам дека сакам да продолжам“, изјави Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести