Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, не сака да зборува за борба за титулата во Англија, откако неговиот тим имаше уште еден разочарувачки резултат.
Денеска Граѓаните одиграа само 2-2 на гостувањето кај Кристал Палас.
„Оваа сезона страдаме. Не може да се зборува за титула кога на последните четири натпревари имаме три порази и едно реми. Тешко е да се биде во оваа ситуација кога имаме многу повредени, но јас сум задоволен од моите играчи, ми се допаѓа како се бореа“, рече Гвардиола чиј тим има само една победа и 21 примен гол на последните девет меча во сите натпреварувања.