Гвардиола се плаши дека Сити може да не ја мине ни групата

Иако не е реално, можно е Манчестер сити да не биде меѓу осминафиналистите во Лигата на шампионите, а од такво црно сценарио се плаши и Пеп Гвардиола, кој ќе бара од своите играчи вечерва да играат максимално ангажирано и да го победат Шахтар.

Англискиот првак има пет бода предност во однос на Шахтар и Динамо Загреб, но ако Сити во последните две кола загуби од овие два тима, може и да испадне.

„Шахтар и Динамо се способни да победат против нас и во тој случај ние може да испаднеме. Затоа сакаме во Загреб да одиме со завршена работа, без притисок“, изјави Гвардиола, кој вечерва за дуелот со Украинците нема да смета на Агуеро, Сане, Менди, Стоунс, Отаменди, Лапорт, Зинченко и Едерсон.

- Оглас -

Најнови вести