Манчестер сити со пресврт во второто полувреме против Бриж дојде до пласман во разигрувањето од Лигата на шампионите, а во Премиер лигата е далеку од борбата за титулата. Граѓаните играат променливо, но според резултатите од претходните сезони, генералната оценка е дека играат катастрофално.
„Имам стара екипа. Кевин де Бројне има 34 години, Илкај Гундоган 33, а Матео Ковачиќ 30. Немаме замени за нив, па затоа добиваат голема минутажа. Затоа и сум им многу благодарен за напорите кои ги вложуваат. Сепак, вистината е дека многу се плашам кога играме против Арсенал, Астон вила, Њукасл, Ливерпул или Брајтон. Едноставно, тие се многу подобри од нас во моментов“, рече Пеп Гвардиола.