Пеп Гвардиола во 2016 година пристигна во Манчестер сити и го направи клубот да биде доминантен во Англија, но и еден од најдобрите во Европа. Актуелниот договор на шпанскиот тренер со англискиот тим му истекува на крајот од оваа сезона, а подолг период се најавуваше дека ова ќе биде и последна сезона за Пеп меѓу Граѓаните.
Како една од главните причини дека може да си замине беше и казната која му се заканува на Сити поради наводни финансиски малверзации и прекршување на финансискиот ферплеј. Сепак, според тоа како досега одат работите, Сити нема да добие драстична казна како што некои најавуваа, што значи дека Гвардиола може да биде сигурен во тимот со којшто доминира во Премиер лигата.
Повеќе светски медиуми најавија дека Гвардиола е подготовен да потпише нов договор и да ја продолжи љубовта кон Сити. Се очекува Шпанецот да потпише нов едногодишен договор кој ќе го обврзе да остане на чело на екипата до јуни 2026 година, со можност за продолжување на таа соработка за уште 12 месеци, односно до јуни 2027 година.