Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, и неговата сопруга Кристина Сера одлучија да ја обноват својата врска, објавија шпански и британски медиуми.
Парот раскина во јануари оваа година, но официјално не поднесоа барање за развод, туку само почнаа да живеат одвоено поради одлуката на Шпанецот да го продолжи договорот со Сити без да се консултира со семејството.
Очекувањата на семејството биле дека Гвардиола ќе земе една година одмор или ќе прифати селекторска фунција, што би му дало повеќе слободно време. Покрај тоа, Сера сака да живее во Барселона, а не во Манчестер.
Сега парот помина неколку дена заедно за време на Велигден, по што решија да си дадат втора шанса.
Гвардиола се обврзал еднаш неделно да лета од Манчестер за Барселона со приватен авион, кој ќе му го обезбеди клубот, за да ги види Кристина и ќерката Валентина.