14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Гвардиола се жали од условите во Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изненадувачки, се пожали на условите кои ги има клубот во кој работи. Шпанскиот стратег е незадоволен од тоа како изгледа тревата на стадионот „Етихад“ и потенцираше дека Граѓаните имаат многу полош терен, од терените кои ги има на другите стадиони во Англија.

Водечкиот тим во Англија утре ќе гостува кај Фулам во Лондон, а потоа му претстои период во кој за 11 дена ќе одигра четири меча на свој терен. Иако тревата на „Етихад“ е лоша, сега нема период кога таа да биде сменета.

„Знам дека атмосферските услови во Англија се лоши за терените, но тука има стадиони на кои тревата е многу подобра од тоа што ние го имаме на нашиот стадион. Бевме во Лондон играме против Арсенал, игравме на „Енфилд“, па дури и тревата на „Олд Трафорд“ е подобра од таа на нашиот стадион. Во Будимпешта на „Пушкаш арената“ тревата е неверојатна и изгледа како тепих“, се пожали Гвардиола, кој додаде дека Фулам е опасен тим и дека лондончани сигурно ќе сакаат да освојат бодови во борба за опстанок.

Во претходното коло Фулам го направи најголемот изненадување откако со 1:0 славеше на „Енфилд роуд“ против Ливерпул, но уште е во зоната за испаѓање со 26 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести