Гвардиола: Сега сè е во наши раце, многу сме блиску до целта

Манчестер сити во дербито на 33-тото коло со убедливи 4:1 го совлада Арсенал и направи голем исчекор кон освојување на нова титула во Премиер лигата.

Арсенал остана лидер на табелата со 75 бода, но Сити сега има само два бода помалку и дури два меча помалку, па доколку слави на нив, ќе избие на лидерската позиција на табелата.

„Одигравме добар натпревар од првата до последната минута. Дефанзивно бевме добри, вршевме притисок и не се мачевме. Веднаш сфативме како подобро да ја градиме играта, што не беше случај на претходниот меѓусебен натпревар. Уживаме да играме пред нашите гледачи, се чувствуваме добро и создаваме многу шанси. АДо крајот ни останаа уште седум натпревари и сè е во наши раце. Многу сме блиску до целта. Мораме да продолжиме во ист ритам до крај, не смееме да ја загубиме концентрацијата“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести