Гвардиола: Секогаш имаме проблем на гостувањата кај нисколигаши

Манчестер сити е огромен фаворит на денешното гостување (од 13.30 часот) кај третолигашот Лејтон Ориент од четвртото коло на ФА купот, а менаџерот Пеп Гвардиола е претпазлив, потсетувајќи на некои вакви слични дуели од минатото.

„Отсекогаш сме имале проблеми во ФА купот кога сме гостувале на тимови од Чемпионшип или Лига 1, па дури и од Лига 2. Секогаш имаме тешкотии во овие натпревари. Но, ние сме подготвени за предизвикот. Секој натпревар е нова можност“, вели Гвардиола.

Гвардиола не верува дека Родри ќе може да игра сезонава, но не ја исклучи можноста Шпанецот да се врати на терен побрзо од очекувањата. Сепак, Сити во јануарскиот преоден рок го зеде Нико Гонзалес и Гвардиола верува дека тој може да ја пополни празнината во средниот ред по повредата на освојувачот на „Златната топка“.

- Оглас -

Најнови вести