Манчестер сити и сезонава е еден од главните кандидати за освојување на титулата во англиската Премиер лига, а менаџерот Хосеп Гвардиола стравува од Светското првенство кое се игра во ноември и декември, па сезонава ќе биде специфична како ниту една претходно.
„Секоја сезона е потешка од претходната. Сите тимови од горниот дел се засилија, менаџерите се ентузијастички настроени. Оваа сезона ќе имаме како две сезони: една пред Светско првенство и една после тоа. Пред СП не може да ја освоиш титулата, но може да ја загубиш. Затоа е многу важно да имаме добар старт на сезоната“ – изјави Гвардиола.