Гвардиола шокиран: Не бевме толку лоши за да загубиме со 3:0 од Реал

Манчестер сити важеше за фаворит на гостувањето кај Реал Мадрид, но на теренот англискиот тим делуваше немоќно и на крајот загуби со 3:0. Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, беше многу разочаран од високиот пораз и е реален дека сега неговиот тим има минимални шанси да се надева дека би можел да се најде во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Честитки за победата на Реал Мадрид, но ние не одигравме толку лошо за да загубиме со 3:0. Во реваншот ќе се обидеме да ја надополниме оваа негатива, но свесни сме дека сега ни се мали шансите. Сепак, пред нас имаме уште 90 минути. Ќе се обидеме на наш терен, пред нашите навивачи. Можеме да бидеме многу подобри од ова. Грешевме во последното додавање кога бевме пред противничкиот гол. Ни недостасуваше подобра завршница“, вели Гвардиола, кој стана тренер што претрпел најмногу порази од Реал Мадрид во историјата на Лигата на шампионите.

Реавнш-мечот ќе се игра следниот вторник во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести