Гвардиола со бомбастична изјава: Или да се скрати составот или си одам!

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, побара клубот да формира компактен состав, а толку широк со огромен број играчи.

„Му кажав на клубот дека не ми треба голем состав. Не сакам на секој меч да оставам по петмина или шестмина играчи на трибините, не ми треба тоа. Ако продолжи да се случува тоа, ќе си заминам. Ме боли душата кога мора да оставам голем број играчи на трибините и да не им дозволам да играат“, изјави Гвардиола.

Синоќа за дуелот против Борнмут, надвор од составот од 20-те играчи беа: Хусанов, Савињо, Мекати, Ечевери и Рико Луис.

„Како тренер не можам да работам со 24-ица играчи и секогаш да бирам 4,5,6 да останат дома бидејќи немаат право да бидат во составот на натпреварите. Не го сакам тоа. Не сакам 26-мина здрави играчи и потоа некои од нив да бидат ставени во фрижидер на мечевите. Ако имаме проблем со повредени, ќе користам играчи од академијата“, додава Гвардиола.

Во Манчестер сити има 28 члена на првиот тим, плус четворица фудбалери кои се позајмени во други клубови. Во Премиер лигата има и поекстремни случаи, на пример: Челзи има дури 31 првотимец, плус 21 позајмен. Арсенал е единствен „само“ со 24-ица играчи во првиот тим, а првакот Ливерпул има 25.

- Оглас -

Најнови вести