Гвардиола со изненадувачки одговор кој играч не е на продажба: „Тешко се наоѓа таков фудбалер“

Џејмс Мекати првпат беше стартер за Манчестер сити во дуелот против градскиот ривал Јунајтед, во мечот од Комјунити шилд купот на Англија. Дваесет и едногодишниот фудбалер воодушеви со своите игри, а пофалби за него имаше и од Пеп Гвардиола, кој на големо изненадување порача дека фудбалерот останува на „Етихад“.

„Тешко е да се најде играч со такво чувство за гол во мал простор, кој ја напаѓа последната третина од теренот, а Мекати го има тој квалитет. Поради тоа му реков на спортскиот директор уште на почетокот од подготовките дека не сакам да го испратам на позајмица или да го продадам бидејќи ми треба фудбалер со таков квалитет“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести