Гвардиола со нетрпение го чека „финалето“ за пласман во ЛШ

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е презадоволен по победата на гости кај Евертон. Шпанскиот стратег потенцираше дека на тој стадион сезонава не победија ниту Ливерпул, ниту Арсенал, но Сити успеа да слави со 2:0.

Со оваа победа Сити го задржа четвртото место на табелата со добри шанси да се избори за место во Лига на шампиони и за следната сезона. Следниот предизвик за Граѓаните ќе биде дуелот против Астон вила. Според Гвардиола, тој меч ќе биде како финале за место кое води во ЛШ за следната сезона.

„Одлично е што победивме на теренот каде што не успеаа Ливерпул и Арсенал. Сега во наши раце се квалификациите за пласман во Лига на шампиони. Имаме потреба да победиме на дуелот в вторник. Се надевам дека ќе успееме и ќе се квалификуваме во ЛШ“, рече Гвардиола.

Иако ќе игра на свој терен, пред Сити ќе биде голем предизвик да слави против Астон вила, тимот кој има пет победи по ред во Премиер лигата. Астон вила има само еден бод помалку од Манчестер сити на табелата и се бори за место во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести