Манчестер сити оваа сезона воопшто не личи на тимот кој сме навикнати да го гледаме во последните неколку години. Она што најмногу ги загрижува навивачите, но и клупското раководство, покрај заостанувањето зад Арсенал, тука се и променливте игри на Граѓаните.
Пеп Гвардиола никако не успева да воспостави рамнотежа и тимот да фати континуитет, да престанат киксовите кои се случуваат сè почесто.
Манчестер сити во неделата повторно киксна, овојпат на гостувањето кај Тотенхем, и дополнително се оддалечи од Арсенал.
По периодот во кој изгледаше дека работите тргнаа во добра насока, повторно се појавија проблеми.
Лошата серија на Манчестер сити донесе информации дека за Пеп Гвардиола се подготвува „билет во една насока“ и дека тој нема да биде тренер на тимот следната сезона.
Сепак, Гвардиола не сакаше да зборува на таа тема, но даде еден многу интересен одговор на прес-конференцијата.
Тој реши да испрати остра порака до навивачите на Арсенал, но и до Микел Артета.
„Играме против шампионот. Арсенал не е шампион, Ливерпул е шампион“, изјави Пеп Гвардиола.
Јасно е дека по овие зборови на Гвардиола нема да му биде пријатно да се појави на „Емирати“, како и пред навивачите на Арсенал воопшто.
Прашање е и како на сето ова ќе реагира неговиот пријател и менаџер на Арсенал, Микел Артета.
Неговата екипа за викендот ќе игра натпревар против Ливерпул во Премиер лигата, а навивачите на Арсенал се надеваат на нов кикс на тимот од „Етихад“.
Од друга страна, Гвардиола мора да го разбуди својот тим по киксот против Тотенхем и да стигне до нови три бода.

