5.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Гвардиола со порака до Арсенал: Уште многу работи може да се случат во трката за титулата

Манчестер сити со 2:1 победи на „Енфилд роуд“ против Ливерпул и само потврди дека не се откажува од трката за титулата. Граѓаните остануваат само шест бодови зад лидерот Арсенал, а тренерот Пеп Гвардиола најавува интересна трка за првото место.

„Точно дека шест бодови е голема разлика, но добро е што ги освоивме трите бода против Ливерпул. Многу работи може да се случат до крајот. Којзнае дали шест бодови сега ќе бидат доволни за Арсенал на крајот. Има уште 13 кола да се доиграат, тука се и дуелите ов ФА Купот, потоа финалето во Лига купот, како и Лига на шампиони пресметките. Многу работи може да се променат. Најважно е дека сме во трка за титулата. Ни останува и дуел против Арсенал на наш терен, што значи дека треба да ги победиме“, рече Гвардиола, по победата над Ливерпул на гости.

 

- Оглас -

Најнови вести