Гвардиола со порака: Во Мадрид одиме на победа

Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа фантастичен прв полуфинален меч во Лигата на шампиони, а на крајот Граѓаните победија со 4:3 дома. Реваншот е на теренот на Реал, но и покрај тоа што се игра во Мадрид, тренерот на Манчестер сити вели дека неговиот тим ќе оди на нова победа.

„На првиот меч направивме многу добри работи. За жал, примивме и голови, а можевме да дадеме уште некој погодок. Двете екипи сакаат да напаѓаат, да даваат голови. Фудбалот е фантастичен спектакл, а ние докажавме дека можеме да бидеме и на врвот и затоа сме горди на овој успех. Во Мадрид ќе се обидеме повторно да победиме, иако знаеме дека тоа се шампионите на Шпанија“, рече Гвардиола, кој потенцираше дека неговиот тим мора да ја подобри играта во одбраната на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести