Гвардиола со секој нареден меч руши многу негативни рекорди

Манчестер сити продолжува со очајните игри и резултати. Актуелниот англиски првак вечерва загуби на гостувањето на „Енфилд роуд“ од Ливерпул со 2:0 и сега има дури 11 бодови помалку на табелата во Премиер лигата.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола никако не може да ги „освести“ своите фудбалери и да ги врати на победнички колосек. Поразот од Ливерпул е четврти по ред во Премиер лигата за Сити, што е прв ваков негативен биланс уште од август 2008 година. Гвардиола како тренер прв пат губи на четири средби во првенство.

Освен првенството, Пеп и Сити вкупно седум средби немаат победа. Во овој период билансот им е очаен и е шест порази и само едно реми. Гвардиола за прв пат во тренерската кариера не може да победи во седум натпревари по ред.

Во тие седум меча без победа, Сити прими дури 19 голови (2.71 гол на меч), а постигна само седум погодоци.

- Оглас -

Најнови вести