Гвардиола со Сити го подобри рекордот што го оствари со Барселона во ЛШ, опасно му се приближува на сер Алекс

Манчестер сити синоќа со 3:0 го совлада Лајпциг и ја продолжи неверојатната серија без пораз од 17 натпревари, која воедно е и најдобра во кариерата на тренерот Хосеп Гвардиола.

Последниот пораз на Сити беше во 2022 година, во полуфиналето од Реал Мадрид, а минатата сезона, кога триумфира во ЛШ, тимот од Манчестер имаше осум победи и пет ремија, додека оваа сезона има максимални четири победи во првите четири меча.

Со победата над Јанг бојс, Хосеп Гвардиола го подобри рекордот што го оствари со Барселона кога имаше серија од 16 меча без пораз.

На Гвардиола му се потребни уште осум меча без пораз во Лигата на шампионите за да се израмни со рекордерот, сер Алекс Фергусон, кој со Манчестер јунајтед имаше серија од 25 натпревари (19 септември 2007 до 5 мај 2009 година) без да ја почувствува горчината на поразот во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести