Гвардиола стана трет најтрофеен тренер во историјата, ќе го надмине ли и Фергусон?

Манчестер сити четврта сезона по ред го освои Лига купот на Англија и со овој трофеј Хосеп Гвардиола дојде до јубилејна бројка од 30 пехари во тренерската кариера. Со ова, популарниот Пеп стана трет најуспешен тренер во историјата на фудбалот, надминувајќи го Валери Лобановски.

Сега пред Гвардиола се само Алекс Фергусон и Мирчеа Луческу. Ферги е пензиониран, а за 39 сезони работа освои 49 трофеи, што е светски рекорд, додека Луческу уште е активен и за четири децении освои 33 пехари.

Ако продолжи со ваков ритам на жнеење трофеи и работи уште долго, Гвардиола сигурно еден еден ќе стане најтрофеен тренер. Тој засега во просек освојува пехар на секои 23 меча (694 официјални мечеви, 30 трофеи).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести