Манчестер сити имаше неуспешен настап на Светското клупско првенство во САД. Англискиот гигант беше елиминиран уште во осминафиналето кога со 4:3 загуби од Ал-Хилал во меч кој траеше 120 минути, затоа што мораа да се играат продолженија.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола го пофали квалитетот кој го донесе ова натпреварување, но потенцираше дека неговата екипа била физички и ментално целосно исцрпена по долгата и тешка сезона.
„Можеби во ноември, декември или јаннуари ќе биде катастрофа. Ние сме целосно исцрпени, а Светското клупско првенство целосно нѐ уништи. Ова е прв пат во нашите животи да ни се случува нешто вакво. Не знам како и кога ќе се вратиме во ритам“, рече Гвардиола.
Новата сезона во Премиер лигата започнува на 15 август, со дуелот меѓу Ливерпул и Борнмут. Манчестер сити првиот меч во новата сезона ќе го игра еден ден подоцна и тоа на гости кај Вулверхемптон. Сити во претходната сезона не освои ниту еден трофеј и тоа е најлошата сезона откако на чело на клупата е Гвардиола.