Гвардиола: “Тешко е да се освои овој трофеј“

Манчестер Сити стигна до својот прв историски трофеј во Лигата на шампионите, откако во финалето на Олимпискиот стадион “Ататурк“ во Истанбул го совлада Интер со 1-0. Тренерот на “граѓаните“, Пеп Гвардиола, без многу еуфорија го коментираше финалниот натпревар.

– “Многу е тешко да се освои овој трофеј. Интер играше одлично. На моите фудбалери на полувремето им кажав да бидат смирени и голот ќе дојде. За да се освои Лигата на шампионите треба да имате и среќа. Едерсон бранеше, Интер промашуваше, можеа и да израмнат. Ова натпреварување е како фрлање на паричка. Сепак, ние го освоивме. Не бевме на највисоко ниво. После Светското првенство ја кренавме формата, но овој натпревар не го одигравме најдобро. Немам енергија да размислувам за следната сезона, ми треба одмор. Сезоната беше предолга. Сега играчите ги очекуваат натпревари за репрезентациите, ќе играат нови натпревари. Ги повикувам УЕФА и ФИФА да размислат за ова. Ова е премногу. Титулата ќе ја прослави во хотелот со семејствата и пријателите, а прадата во Манчестер ќе биде во понеделник.“ – изјави очигледно заморниот Гвардиола после освојувањето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести