Гвардиола: Тоа што го прави Халанд не се учи, туку е природен талент

Манчестер сити продолжува со убедливите партии во Премиер лигата откако вчеравечер со 6:0 го совлада Нотингам форест.

Граѓаните дојдоа до 13-тиот поен во сезоната, а еден од најзаслужните беше Ерлинг Халанд, којшто постигна хет-трик во првото полувреме. Тренерот Пеп Гвардиола не штедеше зборови за Норвежанецот по крајот на средбата.

„Тој е неверојатен. Тоа што го прави Халанд не се учи и не може да се објасни на тренинзи, туку е природен талент.

Игравме одлично против одличен опонент и се надевам дека ќе продолжиме во таков ритам бидејќи пред нас е напорен период“, изјави, меѓу другото, Гвардиола.

На пет одиграни натпревари, Халанд има постигнато девет погодоци за тимот од „Етихад“ и една асистенција. За два дена Манчестер сити ќе има гостување кај Астон вила во рамките на шестото коло од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести