Манчестер сити загуби на домашен терен од Тотенхем со што борбата за титулата во Премиер лигата стана уште поинтересна.
Актуелниот првак има само шест бодови предност пред Ливерпул кој има и натпревар помалку на 12 кола до крајот на оваа сезона.
Предводникот на тимот од Манчестер, Пеп Гвардиола е свесен за неволјите во кои западна неговиот тим.
„Свесни сме за квалитетите на Тотенхем кои го имаат одличниот Хари Кејн во нападот. Лесно е да му додаеп топка на него и тој знае како треба да изреагира.
И да победевме ќе беше тешко да ја освоиме титулата во Премиер лигата, а вака сега сме во уште поголеми проблеми. Сепак има уште многу да се игра до крајот на сезоната и ќе видиме кој ќе заврши на првото место“ изјави Гвардиола.
За седум дена, Манчестер сити ќе игра против Евертон во меч од 27-то коло во Премиер лигата, а потоа го очекува големото градско дерби против јунајтед.