Менаџерот на Манчестер сити, Шпанецот Пеп Гвардиола, смета дека треба да се воведе посебна Златна топка само за аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, на кој Гвардиола му беше тренер во Барселона.
„Треба да има две верзии на Златната топка: едната за Меси, другата за сите останати. Халанд треба да ја земе наградата, ние освоивме тројна круна, а тој даде 50 голови. Индикаторите за најлоша сезона на Меси се исти како за најдобра сезона на сите останати играчи“ – кажа Гвардиола.
Церемонијата на доделување на „Златната топка“ на „Франс фудбал“ ќе се одржи во Париз на 30-ти октомври, а се шпекулира дека освојувач ќе биде Меси, што би била негова осма ваква награда во кариерата.