Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, даде интересен коментар по вчерашната победа на неговиот тим против Барнли. За Сити тоа беше 13-та победа по ред, и први се на табелата во Премиер лигата со три бода пред градксиот ривал Манчестер јунајтед, и еден меч помалку, што значи разликата може да порасне и на четири или шест бода.
Шпанецот рече дека после лошиот почеток на сезонава, кога Сити во еден момент се наоѓаше на 12-то место, во клубот мислеле дека успех ќе биде клуба ако успеат да се пласираат во Лигата на Европа, на титула не ми помислувале.
„Ние треба да си ја вршиме нашата работа. Грешка е да мислиме на ривалите. Кога бевме 12-ти, си мислевме дека треба да заборавиме на титулата и да се обидеме да стигнеме до место во Лигата на Европа. Не требва да се обраќа внимание на статистиката, туку само на следниот меч. Следниот меч ни е против Ливерпул, но тоа се само три бода. Ливерпул е претендент за титулата, но победа во тој меч вреди три бода, ништо повеќе“ – изјави Гвардиола.
Пеп додава дека последните шест победи се против екипи од долната половина на табелата, и дека некои биле тешки, а во следниот имаат многу тежок период период во кој ќе се сретнат против Ливерпул, Тотенхем, Евертон, Вест Хем и Манчестер јунајтед, а треба да играат и во Лигата на шампионите, па тоа ќе бидат тестови за можностите на Граѓаните.