Гвардиола веќе потроши 152 милиони евра, но нема да застане тука, сака уште тројца од Серија А

Манчестер сити сезонава игра кошмарно, барем ако се споредат резултатите од претходните неколку години. Граѓаните речиси немаат шанса да ја одбранат титулата во Премиер лигата, а се во опасност и да испаднат уште во групната фаза од Лигата на шампионите, каде што по седум кола се дури на 25-тото место на табелата. Во последното коло од групата во ЛШ, Сити треба да го победи Бриж на свој терен.

Тренерот Пеп Гвардиола е мнгоу активен во овој преоден рок, па Сити ги доведе Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт за 75 милиони евра, плати 40 милиони евра за узбекистанскиот стопер од Ленс, Абдуа Кусанова, како и 19-годишниот бразилски дефанзивец Витор Реис, кој дојде од Палмеирас за 37 милиони евра.

Тоа значи дека Сити веќе потроши 152 милиони евра за нови засилувања, но тука не е крајот. На листата на желби на Гвардиола се Андреа Камбијасо од Јувентус, како и двајцата Бразилци, Даглас Луиз од Јувентус и Едерсон од Аталанта. Луиз минатото лето дојде во Јувентус за сума од 51 милиони евра, но воопшто не игра кај Тијаго Мота. Едерсон е во Аталанта од 2022 година, кога за 22 милиони евра дојде од Салернитана. Тој има договор до 2027 година со тимот од Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести