Шпанскиот тренер кој ја извршува функцијата менаџер на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, пред 30 години имал и пријатно и непријатно искуство со кратка манекенска кариера.
Во 1993 година, додека беше член на „дрим-тимот“ на Барселона кој една година претходно за првпат ја освои Лигата на шампионите, Гвардиола бил ангажиран од каталонскиот дизајнер Антонио Миро на едно модно шоу.
Синот на Антонио, Давид Миро, вели дека е интересно што сите парчиња облека кои ги носел Гвардиола на тоа шоу, биле продадени за само неколку дена.
Но, ова не му се допаднало на тогашниот тренер на Барса, славниот Јохан Кројф, кој сметал оти таквото однесување е непрофесионално и Пеп покажал непочитување кон клубот од кој зема плата да игра фудбал, па Гвардиола за оваа авантура како манекен, бил казнет.
Поучен од искуството, години подоцна кога Гвардиола веќе беше тренер, не му дозволил на Жерард Пике да учествува како манекен на ревија организирана од истиот моден креатор.