Гвардиола воодушевен од младиот фудбалер: „Тој е еден од најдобрите кои сум ги тренирал“

Пеп Гвардиола според многумина е најдобриот тренер во историјата на фудбалот, а во својата кариера има тренирано голем број ѕвезди. Сепак, Каталонецот вели дека еден млад, 19-годишен фудбалер е меѓу најдобрите кои ги тренирал во својата кариера.

Се работи за младиот Рико Луис, кој иако има само 19 години, сепак веќе собра дури 54 настапи за првата екипа на Манчестер сити.

„Каков играч. Тренер сум 14-15 години. Тренирав неверојатни играчи, но тој е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш сум ги тренирал“, рече Гвардиола за Рико Луис.

Фудбалерот има договор со Манчестер сити до 2028 година, а неговата вредност веќе порасна на 38 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести