Манчестер сити денес го пречекува тимот на Евертон во рамки од 21-то коло во Премиер лигата. Карамелите на „Етихад“ доаѓаат со новиот тренер Карло Анчелоти, со кого запишаа две победи по неговото преземање на клупата, а за италијанскиот стратег мечот против актуелниот првак е прв голем предизвик.
Евертон ќе се обиде да му направи проблеми на составот на Гвардиола кој се обидува да ја намали бодовната разлика кој сега е на 14, по половина одиграни натпревари во англискиот шампионат.
Токму за таа разлика говореше Гвардиола во пресрет на дуелот со Карамелите, а вели дека неговата екипа мора да се труди повеќе, да игра подобро и да се моли за враќање во трката за шампионската титула.
„Тоа што го прави Ливерпул е надвор од наша контрола. Наша задача е да се фокусираме на работите кои се пред нас и да освоиме што повеќе бодови во следните натпревари. Тоа ќе го оствариме со труд и подобра игра, но треба и да се молиме за да го стигнеме лидерот“, истакна Гвардиола.