Гвардиола за фудбалското судење на векот: „Секој е невин додека не се докаже спротивното“

Во понеделник започнува сослушувањето по обвинението од 115 точки против Манчестер сити. Фудбалското судење на векот може да го промени фудбалот, а со тоа и пласманот во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите.

„Почнува наскоро и се надевам дека ќе заврши наскоро. Ќе одлучува независна комисија и се радувам на одлуката. Среќен сум што почнува во понеделник, бидејќи знам дека ќе има уште многу шпекулации и нови стручњаци за казни. Ќе видиме што ќе се случи. Знам дека луѓето се радуваат, што очекуваат и што се не прочитавме изминатите години. Секој е невин додека не се докаже спротивното.“ – рече Пеп Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести