Гвардиола за големата радост: Сити не е навикнат да победува со гол во последните минути

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, по победата на неговиот тим над Астон Вила од 2-1 со која се доближија до пласман во Лигата на шампионите, се радуваше како мало дете и ги објасни причините за таа експлозија од емоции.

„Не сме навикнати на ова. Ливерпул обично постигнува голови во последните минути, но ние не сме навикнати на ова, затоа сум навистина среќен. Астон вила е еден од најдобрите тимови во Европа во моментов. Фудбалот е емоција. Последните два натпревари беа многу тешки, затоа сме многу среќни што победивме“, изјави Гвардиола.

Потоа Каталонецот се осврна и на проблемите кои ги има сезонава.

„Да ми кажевте на почетокот на сезоната дека на крајот од неа ќе се бориме за финалето на ФА купот или за пласман во Лигата на шампионите со Нико и Матеус како бекови, би рекол: „Што зборувате?“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести