Пеп Гвариола одморот го користи во Каталонија, каде што е еден од организаторите на голф-турнир во Жирона, а шпанските медиуми го искористија неговото присуство да му постават прашања на различни фудбалски теми.
Неизбежна тема беше и Ламине Јамал, официјално најдобриот млад фудбалер во светот, кој неодамна го продолжи договорот со Барселона и ја доби една од највисоките плати во клубот.
„Ако нема повреди и проблеми, ќе има одлична кариера. Платата која ја доби е заслужена. Тоа немаше никакво влијание на Меси. Клубовите не се луди. Штом им даваат такви договори, значи ги заслужиле. Изненаден сум дека со 17 години може да направи вакви работи. Да го оставиме Јамал да расте. Тоа е најдоброто што може да го направиме. Потоа ќе видиме дали може да го споредуваме со најголемиот во историјата“, рече Гвардиола.