23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Гвардиола за конкуренцијата: „Ако го освојат трофејот, тоа ќе биде дека многу пари потрошија“

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, даде контроверзна изјава во која ги нападна тренерите на конкурентите, Микел Артета и Арне Слот. Каталонецот смета дека доколку Ливерпул успее да го одбрани трофејот или можеби ако Арсенал ја освои Премиер лигата, тоа ќе биде само бидејќи потрошиле многу пари на трансфери, а не дека добро работат.

„Сакам да му порачам на мојот пријател Микел Артета, ако го освои првенството, тоа ќе биде само затоа што потроши многу пари, а не дека многу работел или поради своите фудбалери. Тоа е исто како и Ливерпул. Ако Арне Слот го одбрани трофејот, тоа ќе биде само дека потроши многу пари, нели?“ – рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести