Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, во која Граѓаните ќе се соочат со Реал Мадрид.
„Кога играш против најдобрите тимови во историјата на ова натпреварување, учиш, се подобруваш и стануваш посилен во иднина“, изјави Гвардиола.
Ова ќе биде петти натпревар меѓу Сити и Реал Мадрид во елиминациските фази на Лигата на шампионите, што е апсолутен рекорд.
Гвардиола исто така зборуваше за тоа дека дел од неговите играчи го почитуваат Рамазан, што може да влијае на физичката подготвеност.
„Тие ги следат религиозните традиции, а ние имаме врвни диетолози кои се прилагодуваат на потребите на тимот. Играчите се навикнати на ова, не се млади и имаат многу години искуство. Сите се под контрола и изборот на составот нема да влијае од тоа“, објасни шпанскиот стратег.
Гвардиола истакна и кои стадиони му се највпечатливи.
„Ми се допаѓаат стадионите на Фулам, на Вотфорд и на Евертон. Секој странски играч би бил импресиониран од овие арени. Секако, и новите стадиони се убави“, додаде менаџерот на Манчестер сити.

