Манчестер сити се наоѓа во најголемата резултатска криза во последните девет години, односно во новата ера на клубот. Во моментов се на четвртата позиција на табелата со осум бода заостанување позади Ливерпул. „Граѓаните“ до крајот на оваа сезона ќе бидат без својот најдобар фудбалер и освојувач на Златната топка, Родри, а токму и коментарот на Пеп Гвардиола е насочен во тој правец.
„Играме без добитникот на Златната топка, без најдобриот играч во Англија за минатата сезона. Колку титули освои Чикаго булс без Мајкл Џордан? Никој не може да игра без дефанзивен фудбалер од средниот ред, исто и ние не можеме да играме без нашиот најдобар фудбалер од минатата сезона.“ – рече Гвардиола.