Суперталентот Ламин Јамал во новата сезона ќе игра со „десетката“ што во минатото ја носеше Лионел Меси, а тоа само ги засили споредбите на младиот шпански фудбалер со славниот Аргентинец. Прашањето стигна и до Пеп Гвардиола, кој мораше да одговори дали Јамал е вистинскиот наследник на Меси и дали предвидува дека може да ги достигне неговите височини.
Сепак, ваквите споредби очигледн, не му се допаѓаат на Пеп Гвардиола. Дури и кога станува збор за Ламин Јамал, младиот бисер на Барселона и шпанската репрезентација, кој напредува со неверојатно темпо, тренерот на Манчестер сити смета дека ваквите паралели се прерани.
„Мислам дека треба да му се дозволи на Ламин Јамал да си го гради сопствениот пат. Кога ќе игра петнаесет години, тогаш можеме да одлучиме дали е подобар од Меси или не. Самата споредба со Меси е голема работа, тоа е како да споредувате сликар со Ван Гог. Луѓето велат: ‘Вау, не е лошо’, а тоа е знак дека е навистина добар“, изјави Гвардиола, кој соработуваше со Меси во Барселона и со двата клуба, Барса и Манчестер сити, стана национален и европски првак.