Гвардиола за Златната топка и бојкотот на Реал: „Нивно право е дали ќе дојдат и ќе му честитаат на победникот“

Доделувањето на Златната топка за 2024 година сè уште е топ-тема во светската јавност откако таа му припадна на фудбалерот на Манчестер сити, Родри, а Реал Мадрид ја бојкотира церемонијата откако дознаа дека Винисиус не е освојувачот.

Свој коментар за настаните имаше и тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола.

„Од Реал не дошле на церемонијата? Ако сакаат да дојдат – во ред, ако не сакаат – пак во ред. Ако сакаат да му честитаат на победикот, добро. Ако не сакаат, не мораат, повторно е во ред. Ние сме Манчестер сити и нема да ги осудуваме останатите клубови или нивните одлуки“, вели Гвардиола.

Каталонецот доби прашање и дали смета дека Винисиус ја заслужил наградата иако таа му припадна на фудбалер од неговата екипа.

„Дали Винисиус требаше да ја освои Златната топка? Можеби, но се случи тоа што се случи. За таа награда одлучуваат новинарите, а не елитата. И тоа новинари од целиот свет, кои имаат различни мислења“, додава тренерот на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести