Манчестер сити седмипат по ред е во полуфиналето на англискиот ФА куп, откако со пресврт славеше на гостувањето кај Борнмут, а Пеп Гвардиола конечно може да биде задоволен од прикажаното и победата.
„Седмипат по ред сме во полуфиналето на Купот, извинете, но тоа е неверојатно достигнување. На полувремето ги уверив играчите дека натпреварот во нивни раце и само да продолжат со тој ритам. Влегувањето на Нико О’Рајли позитивно влијаеше на нашата игра. Но не беше само тој добар, сите одиграа добро. Многу сум среќен што победивме. Младите фудбалери оставаат одличен впечаток, но не треба да го потценуваме и придонесот на искусните. Одлични беа и Бернардо Силва, Илкај Гундоган и Кевин де Бројне.“ – задоволно изјави Пеп Гвардиола после пласманот во полуфиналето на ФА купот, каде за противник ќе го има Нотингем форест.