37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Гвардиола замената за Марез ја пронајде во францускиот Рен! (Видео+Фото)

Ријад Марез летово одлучи да си замине од Манчестер сити и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Пеп Гвардиола тогаш изјави дека тешко ќе најдат замена за Алжирецот, но се чини дека сега ја пронајде, и тоа во францускиот Рен.

Се работи за репрезентативецот на Белгија, Џереми Доку, кој пристигнува на „Етихад“ за 60 милиони евра. Тој кариерата ја почнал во Андерлехт, по што следувала преселбата во Франција. За репрезентацијата на Белгија има одиграно 14 натпревари.

https://twitter.com/ManCity/status/1694767832502825439?s=20

https://twitter.com/ManCity/status/1694760646355628503?s=20

- Оглас -

Најнови вести