Манчестер сити со 2:1 го победи Лидс во меч на кој домаќините освоија важни три бода во трката за титулата, додека за гостите останува неизвесноста дали ќе се спасат од испаѓање.
Граѓаните имаа комотна предност од 2:0 благодарение на погодоците на Илкај Гундоган, кога пред крајот на средбата беше досуден пенал за Сити. Прв изведувач на пеналите во Сити е Ерлинг Халанд, но овојпат голгетерот самоиницијативно реши да му го отстапи местото на Гундоган да шутира и на тој начин, германскиот репрезентативец со погодок, да стигне до хет-трик.
Оваа одлука на Халанд воопшто не му се допадна на тренерот Пеп Гвардиола, кој инсистираше Норвежанецот да шутира, но тоа не се случи.
https://twitter.com/i/status/1654879645785894919
Гундоган го промаши пеналот, а веќе во следниот напад Лидс даде гол и намали на 1:2, па фаворитот до последната секунда беше во опасност да остане без победата. На крајот, Сити сепак славеше со 2:1, а Гвардиола имаше реакција околу целата ситуација.
„Да погодеше Гундоган ќе беше добро. Хет-трик, сјајно одиме понатаму. Сепак, се знае кој е изведувач на пенали. На 2:0 тоа е работа која треба да се заврши и не треба да се заборави кој е задолжен да шутира. Во Англија, кога резултатот е 2:0, тоа не значи дека мечот е завршен. Да водевме со 4:0 на 10 минути пред крајот, тогаш е во ред. сакав да шутира играч кој тоа вообичаено го прави, значи Халанд или Марез“, рече луто Гвардиола.
Pep Guardiola on Erling Haaland giving his penalty to İlkay Gündoğan to go for a hat trick:
‘The game is not over. It shows how nice and generous Erling is. If it is 4-0 with 10 minutes left, OK. But at 2-0?’ pic.twitter.com/rm9rsFlfjz
— B/R Football (@brfootball) May 6, 2023
Сепак, шпанскиот стратег додава дека Халанд со својот потег покажал дека е фудбалер кој мислина соиграчите.
„Ова беше ситуација во која Халанд покажа каков човек е. Сакаше да го направи соиграчот посреќен. Покажа дека и соиграчите му се многу важни. Затоа го почитувам тој потег на Халанд, но сепак тој требаше да шутира, затоа што е специјалиста за тоа“, заврши Гвардиола.