5.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Гвардиола згрме контра судиите: Неверојатно е што досудија

Манчестер сити со 3:1 го победи Борнмут, триумф со кој Граѓаните се искачија на второто место на табелата во Премиер лигата. Ерлинг Халанд постигна два гола и е херој на Сити во победата над најпријатното изненадување сезонава во англиското првенство. Борнмут сега падна на четвртото место.

По завршување на мечот, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше видно револтиран на судењето, посебно во акцијата по која гостите дадоа гол. Судијата Ентони Тејлор ги одби сите приговори на домашните фудбалери и го призна голот за Борнмут. Според Гвардиола, тоа било „100 отсто фаул“ над голманот Донарума.

„Кога се видов со судијата го прашав: ‘Кажете ми дали тоа беше прекршок или не. Дали имаше фаул, само тоа кажете ми. Погледнете ја снимкат’. На наш терен сите судии се храбри. Неверојатно е тоа што се случи при постигнување на голот. Но, ова веќе се случува десетина години. И покрај се, задоволен сум како одигравме“, рече Гвардиола по победата над Борнмут.

 

- Оглас -

Најнови вести