Гвардиола жали што никогаш не му беше тренер на легендата на Реал Мадрид

Пеп Гвардиола според многумина е најдобриот тренер во светот. Ги предводеше Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити и освои голем број на трофеи, но им беше тренер и на некои од најдобрите фудбалери не само на денешницата, туку и воопшто во историјата на фудбалот.

Сепак, една желба му остана неисполнета, да го тренира Зинедин Зидан.

– „Играч кој би сакал да го тренирам? Зидан. Би сакал да можев да му бидам тренер или да играм со него.“ – рече Гвардиола.

Пофални зборови имаше и Зинедин Зидан за каталонецот во една прилика.

– „Секогаш покажуваше дека е голем тренер. Прво во Барселона, потоа во Баерн, а сега во Сити. Другите може да мислат што сакаат, но за мене тој е најдобриот тренер.“ – рече Зидан.

- Оглас -

Најнови вести