31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Гвардиола жестоко го најави дербито на Манчестер: Откако сум јас тука, победува Сити

Дербито на градот Манчестер денеска го окупира вниманието на англискиот и европскиот фудбал, а стратегот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, го најави на свој препознатлив начин.

Пеп Гвардиола беше јасен и директен:


„Откако сум овде, Манчестер сити секогаш бил подобар од Манчестер јунајтед. Последниве десет години ние сме подобри“, изјави Шпанецот.

Неговиот колега, Рубен Аморим, возврати со пофални зборови за противникот.


„Не можете да ме споредувате со Гвардиола. Тој човек секогаш победува. Може да си дозволи да биде релаксиран и кога не победува, но јас морам секој ден да се докажувам“, истакна Португалецот.

Досега Манчестер јунајтед има забележано 80 победи, Манчестер сити 61, а 55 натпревари завршиле без победник. Во последната деценија Граѓаните доминираа не само во овој дуел, туку и во англискиот фудбал воопшто.

Сити влегува во дербито по два последовни порази, од Брајтон (2-1) и од Тотенхем (0-2), додека Јунајтед е во подобра атмосфера по победата над Барнли (3-2) во претходното коло.

Покрај ова дерби, денеска во Премиер лигата ќе се одигра и натпреварот меѓу Барнли и Ливерпул, кој започнува во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести