Гвинеја сепак без Погба на Африканскиот куп на нации

Дефанзивецот Флорентен Погба поради повреда не се најде во гвинејската репрезентација на завршниот список на кандидати за настап на претстојниот Африкански куп на нации.

Погба, кој е играч на францускиот клуб Сошо, има повреда на коленото, нема да тренира до крајот на јануари, објави од фудбалската федерација на Гвинеја. Неговото отсуство ќе биде хендикеп за оваа селекција.

Инаку, 30-годишниот Флорентен е постарбрат на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, кој одамна реши да не игра за Гвинеја, туку за Франција, со која стана и светски првак.

- Оглас -

Најнови вести