Хабиб Нурмагомедов беше несовладлив во рингот и боречката кариера ја заврши со фантастични 29 победи и без ниту еден пораз. Дагестанецот важи за еден од најдобрите во историјата на ММА, а сега имаше можност да се испроба и во скијањето.
Тој изминатите неколку дена ги мина во Јута, САД, на скијање, а вештините кои ги покажа повеќе личеа на „падни-стани“, отколку на скијање. Сепак, најважно е дека се мина во најдобар ред и без повреди.