Хабиб би сакал да се бори со Мајкл Џордан, причината е урнебесна

Големиот руски борец, Хабиб Нурмагомедов, кој кариерата во ултимејт фајт ја заврши без пораз, влезе во Куќата на славните на УФЦ во Лас Вегас.

После церемонијата, Хабиб одговараше на прашања, а интересен одговор даде на прашањето со која славна личност би сакал да се бори.

„Би се борел со Мајкл Џордан. Знаете зошто? За да го спуштам од воздух на земја“ – објасни Нурмагомедов зошто сака борба со „летечкиот Мајк“.

- Оглас -

Најнови вести